За Нас

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА НАШАТА КОМПАНИЈА

Т.Д.Хромак, со седиште во Куманово,се занимава со трговија на големо со бои и лакови на целата територија на Р.Македонија.


Со проширување на услугите и кон други градови во нашата држава и трговија на големо, дојде до формирање на Т.Д.Хромак.

Денес нашето работење е организирано во три сегменти: бои и лакови за широка потрошувачка, програма за автомобили (авто рефинеш) и програма на класичен паркет.

Во нашата фирма особено внимание се посветува на изборот на партнери-добавувачи.

Сите произведувачи на бои, лакови и паркет кои во моментов и во иднина ќе ги сретнете на нашиот сајт како наши добавувачи,се грижливо одберени.

Независно од тоа на кој сегмент на производство му припаѓаат, партнерите на нашата фирма се лидери на Балканот,во Европа и пошироко и како такви претставуваат препознатлив бренд.

Т.Д ,,Хромак“ е приватна семејна фирма зад која стои долгогодишна традиција и реноме.

Високите критериуми на работење кои ги воспоставивме се засноваат на претпоставката дека секогаш може подобро и повеќе и се комплетно во функција на нашите сегашни и идни купувачи.


Благодарни сме за довербата која ни ја укажувате.