Во Куманово, сместен на мирна и живописна локација, опкружен со идилично зеленило, станбениот објект се карактеризира со единствен и препознатлив изглед.
Модерни и енергетски ефикасни
Ние ви нудиме модерен и квалитетен објект за домување, изграден асеизмички со загарантиран квалитет на градба и по сите стандарди за енергетска ефикасност, вклучувајќи првокласно енергетско-ефикасни фасади и преградни ѕидови со висока термичка и звучна изолација.
Површината на објектот
Објектот има приземје + седум ката или вкупно 32 станбени со 32 подрумски единици, што нудат голем комфорт, функционалност и искористеност на просторот. Квадратурата на становите варира според типот, усогласувајќи се на потребите на разни групи на корисници
Уредување по сопствени потреби и можност за бројни избори
Се разбира, купувачите ќе имаат можност за уредување на становите по свои потреби и идеи, со можност за избор на керамика, паркет и санитарија. Нудиме решенија кои целосно ги задоволуваат потребите на клиентите, овозможувајќи им комплетен сервис на услугите. Нудиме и готов 3D проект за внатрешно уредување на секој стан.
Прв и единствен објект во нашиот град:
- Централно парно греење и вклучен комплетен систем за парно греење за секој стан
Не помалку битни карактеристики на објектот:
- Имотен лист за секој стан (сопственички лист за предбележување кој по завршувањето на градбата ќе биде имотен лист)
- Можност за поволно банкарско кредитирање (преку сите банки)
- 24 часовно одржување на хигиената (само за заеднички простории)
- Локација во мирен дел на градот
Еко иновациите и имплементирањето на најновите технологии, како што се гасификацијата, енергетската ефикасност, примената на високи стандарди за квалитет и заштита на животната средина, го прават објектот вистински избор за секој купувач.
Ние користиме колачиња за да го гарантираме најдоброто искуство на нашата страница. Ако продолжите да ја користите, ние ќе сметаме дека ја прифаќате употребата на колачиња.
OK